НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ПРВООДДЕЛЕНЦИТЕ ОД ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, денес, го посети ООУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија, каде на првоодделенците и другите ученици во ова училиште им ја честита Новата година. Истовремено, им посака многу успех во натамошното школување, безгрижно детство и заедничко дружење. За време на посетата на првоодделенците им беа доделени новогодишни пакетчиња, донирани од фирмата „Ветеринар“ во Гевгелија. Градоначалникот Сарамандов изрази благодарност до фирмата „Ветеринар“ за општествената одговорност и за соработката со Општината.

Имено, „Ветеринар“ по традиција, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, на сите првоодделенци во Општина Гевгелија им доделува новогодишни пакетчиња. Така и годинава, по деветти пат, покрај на првооделенците во ООУ „Владо Кантарџиев“, новогодишни пакетчиња ќе им бидат доделени и на првоодделенците во ООУ „Крсте Мисирков“ во Гевгелија, ООУ „Ристо Шуклев“ во Негорци и ООУ „Климент Охридски“ во Миравци.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *