НОВОГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА ДЕТСКАТА ЛИКОВНА РАБОТИЛНИЦА ПРИ ПИОНЕРСКИОТ ДОМ ГЕВГЕЛИЈА
Вчера во Малата сала на Пионерскиот дом, беше отворена Новогодишната изложба на Детската работилница при Пионерскиот дом- Гевгелија. На изложбата се претставија ликовни дела на 24 млади ликовни сликари од Гевгелија, под менторство на нивната професорка, Мирјана Крстева Масети, насликани во најразлични ликовни техники. – На оваа изложба се застапени детски цртежи од различни возрасти создадени во различни сликарски техники, се со акцент на базично запознавање и совладување на ликовните елементи и принципи. Застапен е акварелот, температа, колажот, гвашот и неколку експериментални техники имајќи ја предвид возраста на учесниците во изложбата, вели гевгелиската уметница Масети,
Инаку, Ликовната работилница при Пионерскиот дом Гевгелија активно работи од декември 2015 годинапод менторство на м-р Мирјана Крстева Массетти. Во текот на нејзиното работење забележуваме континуитет во работата што резултира со финални изложби на крајот од годишните квартали.
Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.