ПО НОВОГОДИШНИОТ КОНЦЕРТ НА АНСАМБЛОТ „БОЈМИЈА“

WEB Телевизија во живо

ИГОР ИЛИЕВСКИ: ВО 2021 ГОДИНА ИМАВМЕ НЕКОЛКУ НАСТАНИ И РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ, ДОБИВМЕ ДИПЛОМА ЗА НАЈДОБРА ИЗВОРНА НОСИЈА ВО БИТОЛА А ПОЧНАВМЕ И РАБОТИЛНИЦА ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НАРОДНИ ИНСТРУМЕНТИ.

И оваа година не изостана традиционалниот Новогодишен концерт на еден од најдобрите ансамбли за традиционална музика и игра во Македонија, „Бојмија“. На љубителите на народниот мелос кои во голем број се собраа во Народниот театар, играорците на овој ансамбл им приредија уште една незаборавна вечер изведувајќи народни песни и ора со својот оригинален пристап во презентирањето на народниот фолклор.

Еве што, по концертот ни изјави претседателот на овој Ансамбл, Игор Илиевски на прашањето по што ќе ја паметат 2021 година:

Ke ја паметиме по неколку настани и реализирани проекти и тоа: По повод Меѓународниот фестивал „Илинденски денови“ 2021 година од страна на стручно жири при НУ Центар – Битола е доделена Диплома за Ансамбл со најдобра, најкомплетна, изворна носија на 51-от фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ – Битола. За прв пат реализиравме проект – Работилница за изучување на народни инструменти и тоа: тапан, кавал и тамбура под менторство на Сашко Атанасов – дипломиран етнолог. Успешно спроведено истражување за обичаите и песните на Мегленските власи од с.Ума и Конско, поставена сценска адаптација со која за прв пат се претставивме на Мултиетничкиот фестивал “Фолклорен Ѓердан” во организацијата на ЈОУ “Пионерски Дом” Ансамбл Бојмија

Ансамблот за традиционална музика и игра “Бојмија” од Гевгелија е формиран 2004 година. Во него членуваат 120 членови на возраст од 10 – 25 години. Истите работат во 3 секции кои ги изучуваат традиционалните игри и песни од јужновардарскиот регион на Република Македонија – Бојмија, како и од другите краеви на државата. Ансамблот работи и со млади и талентирани музичари кои ја изучуваат македонската традиционална музика. Богатото културно наследство се презентира на домашни и меѓународни фестивали.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *