НА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ЈИПР ВО ГЕВГЕЛИЈА ДОГОВОРЕНИ МЕЃУОПШТИНСКИТЕ АКТИВНОСТИ ОКОЛУ ТРЕТМАНОТ НА БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА И ИЗГРАДБАТА НА РЕГИОНАЛНАТА ДЕПОНИЈА ЗА ЈУГОИСТОКОТ

WEB Телевизија во живо

Советот за развој на Југоисточниот плански регион, својата втора седница ја одржа во хотел „Аполонија“ во Гевгелија. На седницата, на која претседаваше новоизбраниот претседател на Советот за развој на ЈИПР, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, се расправаше за повеќе актуелни прашања. На дневен ред пред десетте градоначалници од Југоисточниот плански регион се најде Извештајот за воспоставената меѓуопштинска соработка за решавање на проблемот со бездомните животни на територијата на Југоисточниот плански регион и основаното зедничко Јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња „АСТРА-ЛУНА“ во Струмица. Притоа, беа договорени наредните активности околу меѓуопштинската соработка и функционирањето на јавното претпријатие.
Советот на ЈИПР расправаше и за Извештајот за состојбата и активностите за изградба на Регионална депонија за Југоисточниот плански регион, односно воведување на регионално интегрирано управување со комуналниот цврст отпад во Југоисточниот плански регион. Во дискусијата беше нагласено дека наредните активности во многу ќе зависат од иницијативата на Министерството за животна средина за воспоставување на систем за управување со отпад за Југоисточен и Вардарски регион. Имено, на 3 декември 2021 година (петок), во Клубот на пратеници во Скопје, закажан е состанок со градоначалниците на општините од Југоисточниот и Вардарскиот регион за презентација на идните активности. По изработената студија од ЕБРД и, позитивниот одговор на барањето од Владата на РСМ за добивање на кредит за изградба на системот за управување со отпад, од страна на ЕБРД, Министерството започна со подготвка на неопходната документација за реализирање на овој проект.
Советот на ЈИПР, на вчерашната седница, донесе одлука за примопредавање на проектот „Изградба на патот с.Зубово – с.Ново Село – с.Мокриево“.
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *