НА 28 ДЕКЕМВРИ 1944 ГОДИНА, РАДИО СКОПЈЕ ЗАПОЧНА СО ЕМИТУВАЊЕ ПРОГРАМА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

WEB Телевизија во живо

„Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје, Драги слушатели, од салата на Собранието вршиме директен пренос на Второто заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија…”

Поминаа точно 75 години откога на 28 декември, 1944 година, со овие зборови писателот и борец во НОВ Владо Малески го означи почетокот на работата на Македонското радио. Првите македонски зборови прозвучија во етерот за време на одржувањето на Второто заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија, кога пред присутните се обрати Методија Андонов-Ченто, прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Точно еден месец по тоа, на 28 јануари 1945 година започна и редовната програма на Радио Скопје со првата емисија вести на македонски јазик, а потоа и на албански и на турски јазик.

Македонското радио одигра водечка улога во процесите на демократизација на Македонија а и денеска има значајна улога во медиумскиот простор.

Во глобалната средина на информации се случуваат се повеќе промени и се појавуваат нови медиуми и платформи, но Радиото има едноставен шарм како медиум, кој верувам дека уште долги години ќе продолжи да ги забавува и информира граѓаните.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *