НА 13-ТО АРМИСКО ПРВЕНСТВО ВО КРОС КАНТРИ ВО СКОПЈЕ, АК „7-МИ НОЕМВРИ“ УЧЕСТВУВАШЕ СО ЧЕТВОРИЦА СВОИ ЧЛЕНОВИ.КРИСТИНА УЗУНОВА ГО ОСВОИ 4-ТО МЕСТО А ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА 5-ТО ВО ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА.КАЈ МАЖИТЕ РИСТО ЧАЛКОВ 26-ТИ А МИЈАЛЧЕ АНДОНОВСКИ 82.

WEB Телевизија во живо

Денеска во спортскиот центар Хиподром, Скопје, се одржа 13-то Армиското првенство во крос кантри трчање. Оваа традиционална спортска манифестација е во организација на Армијата на Република Македонија и се одржува цели 13 години.
На првенството учество зедоа и четворица атлетичари на АК 7-Ми Ноември“ од Гевгелија. Во ќенска конкуренција, Кристина Узунова го зазеде 4-то место со резултат 23 минути и 8 секунди, додека Валентина Узунова стигна 5-та со резултат 23 минути и 11 секунди.
Во машка конкуренција на 26-то место се пласираше Ристо Чалков со време од 33 минути и 44 секунди, додека Мијалчо Андоновски со време од 39 минути и 52 секунди беше 55-ти.
.
Заради промоција на воениот спорт, крос-првенствата секоја година се одржуваат на различни локации ширум нашите касарни, но и на локации кои се идеални за спортување и реализација на ваква дисциплина во кралицата на спортовите – атлетиката.Оваа година изборот падна на спортскиот центар Хиподром кој има идеална крос патека за трчање. Воедно спортскиот центар Хиподром во последните години стана едно од најпопуларните места за посетителите кои уживаат и спортуваат во комплетно реновираниот спортски центар.
.
Патеката, односно кругот за трчање кој е одбран за 13-то Армиско првенство во крос е со должина од 1600м. Трката беше реализирана со трчање во кругови, а должината за жените изнесуваше 4.800м (3 круга) додека за мажите беше 8000м (5 круга). Како и секоја година така и оваа, сите заинтересирани лојални граѓани, спортисти и рекреативци кои не се припадници на Армијата можеа да учествуваат на ова воено првенство и да бидат дел од овој спортски настан.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *