МОДЕЛОТ ОД ВАЛАНДОВО МАГДАЛЕНА ЃОРГИЕВСКА : МОДАТА И СЛИКАЊЕТО ОД СЕКОГАШ МЕ ИСПОЛНУВАЛЕ СО РАДОСТ

WEB Телевизија во живо

Магдалена има 20 години, родена е во Валандово каде завршува во СОУ “Гоце Делчев” и во моментот е студент на факултет за информатички науки и компјутерско инженерство.
Интересот на пошироката јавност го привлекоа нејзините настапи на повеќе модни ревии организирани во Македонија како ново лице во светот на моделството. Многумина и предвидуваат убава иднина
Тоа беше повод да поразговараме со неа за нејзините почетоци и нејзините планови.
„ Како помала хоби ми беше свирење на клавир,на мандолина и учеството во училишиот хор. Исто така ме интересираше и спортот, тренирав ракомет и можам да кажам дека училишните денови ми беа исполнети со различни активности.
Сега сум студент на ФИНКИ, втора година, така да може да кажам дека целосно сум посветена на факултетот и на моделството.
Љубовта кон сликањето и модата од секогаш ме исполнувале. Уште како мала сакав да се занимавам со такво нешто. Почетоците на мојата кариера во моделството започна со ревијата на уште еден валандовчанец, дизајнерот Мите Занов која што се оддржа во Валандово.
Тој беше човекот кој ме упати во сите тајни на модата и на моделството. Морам да кажам дека Мите е прекрасен пријател и дизајнер.Инаку, сум соработувала до сега со модната агенција Моделс Ин каде што тие ме ангажираа за фотосесии и ревии. Освен со агенијата Моделс Ин соработував и со агенцијата Зоа Моделс и Подиум
Еден од омилените модни настани ми е Fashion Weekend Skopje, каде учествувам веќе трета година.
Имам сликано соработувано со многу прекрасни дизајнери, покрај веќе спомнатиот Мите Занов и со Христијан Младеновски,Ива Спасовска и многу други. Работев фотосесии за повеќе модни списанија како Unique magazine, Портрет и Убавина и Здравје.
Морам да ја спомнам и соработката со фотографот Зоран Зонде Стојановски кој што ми помогна при фото сесиите и ме надогради како модел
До сега најинтересен предизвик ми беше снимањето на рекламата за Златен Даб.Работев со огромна екипа до доцните часови.Овој месец снимав спот за Melinda Ademi во Скопје и Mozzik во Приштина.Сега моментално имам ангажмани секоја недела најчесто во Скопје.Искуствата што ги стекнав во овие 3 години се незаменливи и се надевам дека во иднина ќе постигнам поголеми успеси.“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *