МИРЈАНА КРСТЕВА МАССЕТИ И ПЕРО КОВАНЦАЛИЕВ СО СВОИ ДЕЛА СЕ ПРЕТСТАВУВААТ НА ИЗЛОЖБАТА НА ДЛУМ „МАЛ ФОРМАТ 2021“

WEB Телевизија во живо

Друштвото на ликовни уметници на Македонија, по повод 75 години од своето постоење, под покровителство на Министерство за култура на Р. С. Македонија и Град Скопје, и во соработка со Културно Информативниот Центар – КИЦ од Скопје синоќа, вторник, на 7 декември отворија две изложби „МиниАРТура“ и „Мал формат“
Нашите двајца признати уметника, Массети и Кованцалиев, со по едно свое дело се претставуваат во рамките на изложбата „Мал формат 2021“
Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25 см претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка, стои во каталогот на изложбата
За изложбата „Мал формат“од страна на Друштвото на ликовни уметници на Македонија се додели една награда за мал формат, оваа година на авторот Ана Темкова.
Да потсетиме дека во 2016-та година оваа маграда ја доби гевгелиската уметница, Мирјана Крстева Массети.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *