СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ АКО СЕ КАЧУВАТЕ НА КОЖУФ ИЛИ БИЛО КОЈА ПЛАНИНА – ПРИРАЧНИК ЗА ПЛАНИНАРИ И АЛПИНИСТИ.

WEB Телевизија во живо

Федерацијата за планинарство на Македонија во соработка со Меѓународната федерација за планинарење и качување, на македонската јавност ѝ го стави на располагање прирачникот „Планинарење – прирачник – лето“, кој нуди преглед на основните вештини што секој треба да ги совлада за да може да стане компетентен планинар, качувач или алпинист.
– Во прирачникот ќе може да прочитате за правилата на добро однесување на планина, како и за најраспространетите видови карпи; за интерпретирањето на метеоролошките информации и за користењето ГПС-уред; што е хипотермија и како се води група; за употребата на френдови и чокови и за оценките за качување сува карпа; за летните лавини и како се прави засолниште во снег. И уште многу други интересни теми за планинарење, качување и алпинизам – информираат од Федерацијата за планинарство.
Според Јовица Угриновски од федерацијата, и најискусниот планинар, а и оној што смета дека знае сè од областа на планинарењето, качувањето и алпинизмот, по внимателно читање на прирачникот ќе увиди дека има уште многу да научи или да го дополни стекнатото знаење и искуство.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *