ГЕВГЕЛИСКАТА ЕЛКА УКРАСЕНА СО ЛАМПИОНИ НА ЖЕЛБИ И ПОРАКИ

WEB Телевизија во живо

„Животот е бело платно, а младите го бојат во разни бои„

„Цела година сакај, а за Нова година сакај двојно“

„Се додека го гледаш светот, а не реагираш, остануваш слеп“

Ова се дел од пораките кои доколку поминете низ градското шеталиште можете да ги прочитате на специјално поставените лампиони на Новогодушната елка

За прв пат во нашиот град е поставена новогодишна елка со лампиони, на кои се испишани симболични пораки и желби. Пораките ги испишаа младите волонтери во Општинската организација на Црвен крст- Гевгелија, потпомогнати од Општина Гевгелија. Имено, целта на ова дополнително новогодишно украсување е да прерасне во традиција под мотото „Елка на желбите“.

Како што истакнаа претставниците од Клубот на младите, a на што се придружуваме и ние, нека Новата 2022 година новогодишната донесе, пред се повеќе здравје, среќа и радост на сите , а испраќањето на заеднички пораки со желби за повеќе здравје, среќа и мотивација нека продолжи и наредната година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *