ГЕРМАНИЈА ГИ ОХРАБРУВА ПОСТАРИТЕ ДА ЈА ВРАТАТ ВОЗАЧКАТА ДОЗВОЛА А ДОБРИЛА ЧАБРИЌ ВЕЛИ: ЌЕ ВОЗАМ ДО 100 – ОТ РОДЕНДЕН.

WEB Телевизија во живо

Во некои делови на германската покраина Баден-Виртемберг, постарите граѓани наскоро ќе можат да добијат бесплатен годишен билет за локалниот јавен превоз – доколку ја вратат возачката дозвола и трајно се откажат од возење..
Целта на кампањата е да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Ова и го пренесовме на нашата добра пријателка, 94 годишната Добрила Чабриќ и ја прашавме дали таа доброволно би се откажала од возачката дозвола. Беше децидна и јасна:
„Kој сака нека се откажува од возачката, ама јас не. „ Во моментот сум во Скопје, бидејќи во Дојран не сакам да останам сама во куќата. Еве, за некој ден ми истекува мојата возачка дозвола, па затоа ќе одам во Гевгелија да ми биде продолжена. И физички и психички сум способна да го управувам мојот автомобил и ќе возам барем до 100-от роденден.“, вели низ насмевка Доби.
Како што е познато, пред некој месец Добрила имаше сообраќајна несреќа во која за среќа помина со полесни повреди. Вели, староста не е крива за несреќата, туку нејзиното куче, домашно милениче кое било немирно при возењето.
Инаку, Добрила овој месец е повторно активна, по учеството во квизот кај Лила Филиповска, таа беше гостинка на една емисија во Република Србија, потоа ќе ја видиме во една епизода на новото продолжение на „Преспав“, а пред Нова Година ќе видиме како готви во кулинарска емисија на една наша телевизија.
May be an image of 1 person
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *