ЕМОТИВНО ОБРАЌАЊЕ НА ДАНИЕЛ РИСТОВСКИ ЗА ДРУГАРУВАЊЕТО СО ВИКТОР ТИМОВ А ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ:„ДЕНОВИТЕ ПОМИНАТИ СО ВИКТОР НЕ БИ ГИ ЗАМЕНИЛ ЗА НИШТО. ТОЈ И СИТЕ КАКО НЕГО ИМААТ ДОБРА ДУША, НЕМА ДА ВЕ РАЗОЧАРААТ НИКОГАШ.“

WEB Телевизија во живо

На денешното одбележување на 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, свое емотивно обраќање, за времето поминато во друштво со Виктор, Давид, Кристина, Ѓорѓи, имаше нивниот другар Даниел.
Добар ден на сите, јас сум Даниел Ристовски, другар на Виктор Тимов. Со Виктор се запознав во прво одделение и уште тогаш забележав дека е различен од другите деца, но, различен во позитивна смисла. Тој секогаш ширеше позитивна енергија. Станав многу близок со него, бидејќи никој друг како него не знаеше да сака и да ги цени дури и најмалите нешта. Јас му помагав во училиштето, но и тој мене ми помогна да видам дека без разлика што и да е, каков и да е, тој е дете со чувства и дека воопшто не е тешко да се разберам и дружам со него. Да, имаше деца кои го избегнуваа, но за мене тие се уште не се свесни дека децата со посебни потреби се најмилите деца на овој свет. Тие никому не мислат лошо, и секогаш ќе ја ценат помошта што им ја даваме. Јас ги познавам и Кристина, Давид и Ѓорѓи. Деновите поминати со нив и со Виктор не би ги заменил за ништо. За крај, само едно ќе ви порачам, дајте им шанса. Тие имаат добра душа, нема да ве разочараат никогаш.
Напротив, ќе ви бидат благодарни доживотно за пружената шанса. А, и вие со сигурност ќе уживате во дружбата!
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *