ДЕНИ АДИЕВ, СО ПОТЕКЛО ОД МАКЕДОНИЈА, ВО СВОЈОТ РЕСТОРАНТ ГОТВИ 600 ОБРОЦИ НЕДЕЛНО ЗА БЕЗДОМНИЦИТЕ ОД ТОРОНТО

WEB Телевизија во живо

Дека Македонците се добри готвачи, тоа е многу добро познат факт, а дека секогаш знаеле да ја покажат својата хуманост, тоа го покажале на дело безброј пати. Последниот пример, на сопственикот на ресторантот Chew Chew’s Diner во Торонто, Канада, Дени Адиев, уште еднаш го потврдува ова.
Непосредно пред 1 часот по полноќ, Дени Адиев пристигнува во неговиот ресторан во источниот крај на Торонто . Тој готви за заедницата на бездомници во Торонто, хранејќи до 600 бездомници секоја недела. Некои денови Дени посветува 10 часа за да зготви 25 лазањи.
Масовното подготвување оброци започна во јануари. Се започнало кога Обединетата црква Свети Лука, веднаш од другата страна на улицата каде се наоѓа ресторантот на Дени, Chew Chew’s во Карлтон и Шербурн, го праша Дени дали може да подготви неколку топли оброци месечно за тимот на црквата да ги дистрибуира до заедницата за бездомници во Торонто.
Отпочеток , Дени правел неколку оброци месечно, делејќи го обемот на работа со друг ресторан. „Но, тие, бездомниците, не ги сакаа нивните оброци… ги сакаа оброците на татко ми“, се вклучува во приказната Алекс Адиев, синот на Дени. Поради популарната побарувачка, Дени започнал да готви два пати неделно, за да денес тие служат цел ден појадок со специјалитети под 7 долари и богати омлети од зеленчук зачинет со домашен помфрит и тост подмачкан со путер за помалку од 12 долари.
Секоја недела тој го менува менито, од овчарска пита до шпагети со месо и сос од месо, па се до пирошки полнети со сирење и компири. Неговата посветеност на здрави, обилни оброци е вкоренета во неговото македонско воспитување, каде што пораснал пред да дојде во Канада во 1970-тите.
Иако Chew Chew’s е четвртиот ресторан што Дени го поседува откако дошол во Канада, тој останува длабоко посветен на својата работа да готви храна што ги радува бездомниците во Торонто.
„Имам 67 години и сè уште ми се допаѓа мојата работа“, вели тој. „Сакам да ги правам луѓето среќни“.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *