ДЕЛУМНО ЗАТВОРАЊЕ НА КОВИД МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ПОРАДИ ЕКОНОМСКИ ПРИЧИНИ
Почнувајќи од денес, 31 декември 2021 година, делумно се затвора ковид модуларната болница во Гевгелија. Како што не информираше директорот на Општата болница во Гевгелија, Митко Крџев, поради намалениот број на хоспитализирани пациенти, тие се префрлени во нервното одделение. Во наредните денови, ковид модуларната болница ќе служи за давање на дневна терапија на пациентите инфицирани со ковид вирусот, а кои имаат полесна клиничка слика.
