ДЕДО МРАЗ СО ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ ПРИСТИГНА ПРЕД НАРОДНИОТ ТЕАТАР

WEB Телевизија во живо

Наместо со ирваси и санка, Дедо Мраз, минатиот викенд, пристигна со електричен тротинет пред платото на Народниот театар, каде го пречекаа голем број дечиња и родители. Во исчекувањето на омилениот лик на дечињата, најмалите гевгеличани имаа можност да се дружат и со Баба Мразица, која пристигна многу порано со неговата вреќа. И за да биде уште помагично, предновогодишната забава беше збогатена со новогодишни песнички во изведба на познатото „Трио Џентлмен“.
 
 Како што велат од Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, имено и организатори на овој настан, насловен „Пееме со Дедо Мраз“, саботата била прекрасен ден за дочек на најсреќниот дедо за секое дете – Дедо Мраз. Оваа година, Дом на култура „Македонија“ заедно со „Трио Џентлмен“, за прв пат, пред платото на Народниот театар, во прекрасен амбиент ги дочекаа Дедо Мраз и Баба Мразица. 
 
Баба Мразица го надмудри Дедо Мраз и дошла порано со неговата вреќа, а тој пак ги изненади сите и наместо со ирваси и санка пристигна со електричен тротинет. Додека „Трио Џентлмен“ ја забавуваа прекрасната публика со прекрасни новогодишни песни, Дедо Мраз и Баба Мразица делеа подароци и се сликаа со сите дечиња кои беа присутни.
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *