ДЕДО МРАЗ СО ВОЗ КАЈ НАС СТИГНА И СИТЕ ДЕЧИЊА НА НОЗЕ ГИ ДИГНА

WEB Телевизија во живо

Пионерскиот дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија,  вчера беше место каде се случуваше подарувањето на пакетчиња на децата од социјално ранливи семејства од страна на градоначалникот Андон Сарамандов.

 Дипломираниот вајар Гордана Петрова при тоа на дечињата им донираше рачно изработени лампиони кои тие сами треба да си ги обојат. Потоа сите заедно со специјалното возило се упатија на Железничката станица во Гевгелија каде  традиционално, најмалите жители со своите родители  го  дочекуваат  Дедо Мраз, кој само во Гевгелија стигнува со воз.. 

Новогодишниот карван, составен од родители и деца, со Дедо Мраз  се движеше по улицата „Маршал Тито“ до Градскиот плоштад. Дружењето со Дедо Мраз беше збогатено со новогодишниот концерт на танцовото студио „Мистик“, кои се претставувија   со кореографии инспирирани од урбаната и поп културата на денешницата, оригинални и својствени за студиото.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *