ДАВАЈТЕ СВОИ ПРЕДЛОЗИ ЗА ТОА НА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПОТРОШИ БУЏЕТОТ НА ОПШТИНАТА ЗА 2022 ГОДИНА !
Општина Гевгелија изработи веб-платформа, на коja граѓаните од градот и населените места имаат можност да учествуваат со своите: идеи, предлози и потреби да учествуваат во креирањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година. Граѓаните можат да учествуваат во креирањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година со пополнување на анкетен прашалник кој се состои од кратки прашања за полот, возраста, населеното место и предлози за одредена област: комунална и патна инфраструктура, улично осветлување, животна средина, образование, култура, спорт и млади и сл. Линк: https://www.gevgelija.gov.mk/…/2763-gragjanskoucestvo…
Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.