АНДОН САРАМАНДОВ: ПРОЕКТОТ ЗА РЕГИОНАЛНИ СТАЦИОНАРИ ЗА БЕЗДОМНИ КУЧИЊА ПРОПАДНА, ВЛОЖЕНИТЕ СРЕДСТВА ЌЕ НИ БИДАТ ВРАТЕНИ

WEB Телевизија во живо

НАРЕДНАТА СЕДНИЦА ЌЕ ПРЕДЛОЖИМЕ КАКО ДА СЕ РЕШИ ОВОЈ ПРОБЛЕМ

На вчерашната седница на прашањето на советничката од СДСМ и коалицијата, Елизабета Сивова, за тоа како ќе биде решен проблемот со бездомните кучиња во општина Гевгелија по донесената одлука за престанување со работа и спроведување на ликвидација на Заедничкото јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња „АСТРА-ЛУНА“ во Струмица, градоначалникот Андон Сарамандов истакна:

„На последната седница на Советот на Југоисточниот плански регион, чиј претседател сум јас, сите десет градоначалници донесовме одлуката за откажување на регионалниот проект за решавање на проблемот со бездомните кучиња. Тоа е поради фактот  што до 31.12 2021 година само делумно  е реализиран овој  проект, и наместо две, беше изграден само еден стационар, и тоа во Струмица.  Во исто време, градоначалниците од претходниот состав на Советот на Југоисточниот плански регион решаваат овој стационар да биде запишан како имот на општина Струмица.

Затоа, се договоривме секоја општина преку Советите да донесе Oдлука за ликвидација на ова регионално јавно претпријатие, за да можеме да го префрлиме на Општина Струмица, која изрази интерес да го преземе. За возврат, општина Струмица треба да ги поврати основачките влогови на останатите општини“, истакна Андон Сарамандов.

Притоа, тој појасни дека Општина Гевгелија има константно проблем со тужби на граѓани кои биле каснати од кучиња, и ургентно самостојно ќе го решава проблемот со кучињата скитници, за што, на наредната седница на Советот на општина Гевгелија ќе се излезе со конкретен предлог како да се реши овој проблем.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *