АНДОН САРАМАНДОВ:
ВО НОВАТА 2022 ГОДИНА ДА ЈА ВРАТИМЕ ВЕРБАТА НА ГРАЃАНИТЕ И ДА ГИ УБЕДИМЕ МЛАДИТЕ ДА НЕ ЗАМИНУВААТ

WEB Телевизија во живо

Почитувани сограѓани,

Драги пријатели,

Годината која изминува, покрај бројните предизвици, ќе остане запаметена и по определбата на мнозинството на граѓани за промени.

Наша обврска и одговорност е да излеземе во пресрет на барањата на сите  граѓани и да го подобриме квалитетот на услугите и условите за живеење. Тоа ќе го постигнеме со многу работа, отчетност и транспарентност. Секој предлог, кој може да помогне и е во интерес на граѓаните, е добредојден. 

Претстојната 2022 година не очекува реализација на неколку капитални зафати во комуналната и патната инфраструктура.

Енергетската криза наложи заштедата на електрична енергија да биде наша приоритетна задача. Затоа, веќе започнавмесо примена на неколку пакет мерки кои сметаме дека значително ќе дадат придонес.

Покрај ова, ќе обезбедиме услови за отпочнување со работа на Времената депонија кај Ново Конско. Доградба на детската градинка „Сончогледи“ и доизградба на последната делница од патот за Ума.

Во 2022 година почнува изградбата на атмосферска канализација во Гевгелија и нови водонсабдителни системи во Богородица, Негорци и Прдејци. Рeконструкцијата наспортската сала „Партизан“ во Гевгелија идруги проекти за подобрување на условите за живот и на урбаниот лик на општината.

Посебно ќе работиме за поголема искористеност на компаративните предности на поднебјето за развој на туризмот. Да се избориме и да обезбедиме – Општина Гевгелија повторно да биде најперспективното место за живеење. Зеднички можеме да направиме Гевгелија и општината да бидат подобри за сите нас. 

Да ја вратиме вербата на граѓаните и да ги убедиме младите да не заминуваат.

Почитувани,

Ви посакувам добро здравје и благосостојба.

Ви посакувам претстојните празнични денови да ги поминете во пријатна атмосфера и радост.

Ви посакувам успешна и подобра -Нова 2022година!

Ви посакувам со мир и почитување да го прославите Христовото раѓање – Божик!

Честита Нова година и Честит Божик.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Еден коментар за “АНДОН САРАМАНДОВ:
ВО НОВАТА 2022 ГОДИНА ДА ЈА ВРАТИМЕ ВЕРБАТА НА ГРАЃАНИТЕ И ДА ГИ УБЕДИМЕ МЛАДИТЕ ДА НЕ ЗАМИНУВААТ

  1. Како мислите да ги убедите младите да не заминуваат со применување на истата политика со која ги инспирирате да заминат? Два месеца од кога вмро ја превзеде локалната самоуправа ги избркавте од работа директорите од јавните предпријатија пред да им истече мандатот и си наместивте ваши луге. Толку ли неможете да се свестите дека кога веке сте на власт, нема ваши и нивни луге? Сите луге се ваши луге. И кога веке сте на власт, тоа значи оти ја имате довербата од граѓаните, но сега треба да ја оправдате таа доверба. И да не мислите оти тие вашите што ги наместивте на функции се подобри од предходните кои не беа ваши? Не се подобри, арогантни се. Не се расположени да се занимаваат со некој не познат ако им влезе низ врата за да им посочи проблем за решавање. Со ваквата политика и понашање правите не само младите, туку и старите да се нафатат да си заминат од тука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *