АНДОН САРАМАНДОВ:ЦЕЛОСНО ЌЕ ГО РЕОНСТРУИРАМЕ УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО ОПШТИНАТА А KАКО МЕРКА ЗА ЗАШТЕДА, КАНДЕЛАБРИТЕ НА БУЛЕВАР ГЕВГЕЛИЈА И „МИЛЕ ПЕЦАНОВ“ ЌЕ РАБОТАТ ПО ПРИНЦИП ПРЕКУ ЕДНА СИЈАЛИЦА.

WEB Телевизија во живо

Преку својот фејсбук профил, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов ја извести јавноста дека во населеното место Прдејци се заменети сите стари сијалици со висока потрошувачка на електрична енергија, со нови лед сијалици. Со тоа, како општина започнуваме, пишува Сарамандов со целосна реконструкција на постоечкото улично осветлување со нови лед-сијалици.
Деновиве дадовме се од себе да го изнајдеме правото решение за справување со енергетската криза и превисоките сметки за електрична енергија, со што ќе решиме и децениско прашање за општина Гевгелија. Направивме консултации со сите надлежни, како мерки за заштеда на електрична енергија, ќе се воведат рестрикции, односно делумни исклучувања во мрежата на јавното осветлување. И тоа на сообраќајниците- булевар „Гевгелија“ и улицата „Миле Пецанов“, така што канделабрите од вечерта на 17 декември, 2021 година ќе работат на принципот преку една сијалица. Засега, нема да има рестрикции во уличното осветлување на останатите сообраќајници.
Со ваквиот пакет-мерки на Општина Гевгелија, значително ќе се намалат трошоците за потрошена електрична енергија, порачува градоначалникот Сарамандов.
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *