АКИ РАХИМОВСКИ:ПО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОБЛЕМИ, СО НЕТРПЕНИЕ ЧЕКАМ ПОВТОРНО ДА ТРГНЕМЕ НА ТУРНЕЈА. ВО МАКЕДОНИЈА СО „ПАРНИ ВАЉАК“ ДОАЃАМЕ ВО ВТОРАТА ПОЛОВИНА НА 2022 ГОДИНА.

WEB Телевизија во живо

Пејачот на популарната група „Парни ваљак“ Аки Рахимовски во април 2018 година доживеа мал мозочен удар, но сега е се во ред и тој заедно со своите колеги од групата се враќаат на големата љубов – музиката. Почнуваат со голема турнеја низ Хрватска, а потоа и во останатите простори на екс Југославија, со што работно ќе прослават 46 години постоење и ќе ја потврдат титулата најдолговечен и концертно најсилен екс ЈУ рок бенд на сите времиња.
Тоа беше повод да го побараме Аки во неговиот дом во Ново Место, Словенијa. Тој ни откри неколку интересни работи. „Снимивме нова песна со „Ваљак“ќе ја пуштиме да се врти сега пред нова година а потоа ќе снимиме и спот за неа. Вокалот го снимив во Ново Место а другите момци од бендот сето тоа го отсвирија и измиксаа во Загреб. Моментално правам уште некои мали медицински испитувања а пред тоа бев на посебен третман во Унгарија поради болките во грбот. Сега нема болки, потребни се само неколку бањски терапии и се надевам до Нова година ќе бидам „фит“. За новата година година не свириме никаде, а јас ќе ја дочекам со моите најблиски .
Планирам, некаде околу 5 јануари 2022 година да дојдам во Скопје, да се видам со своите роднини, пред се со мајка ми, и со своите пријатели да си ја прославиме стара,нова година, и да си посакаме оваа луда пандемија конечно да ја снема.
Аки вели дека ги променил животните навики, се откажал од омилената храна која докторот му ја забранил и сега се храни со полесна храна, медитеранска кујна Кафето, цигарите и зачинетата храна сега се минато.
На крајот го прашавме дали има намера да се „пензионира“
Мојот живот е музика, не знам што би можел да правам нешто друго подобро од тоа што 50 години го работам тоа што го сакам и никогаш не сум размислувал да се пензионирам.
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *