5-ТИ ДЕКЕМВРИ, СВЕТСКИ ДЕН НА ВОЛОНТЕРСТВОТО. ВОЛОНТЕРИТЕ ОД ОО НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ГЕВГЕЛИЈА СВОЈАТА ХУМАНОСТ А ПОКАЖАЛЕ МНОГУ ПАТИ НА ДЕЛО

WEB Телевизија во живо

5 декември е познат како Меѓународен ден на волонтерите. Овој ден е шанса за индивидуалните волонтери и организациите кои промовираат волонтерски вредности, да ги промовираат своите придонеси за развој на локално, национално и меѓународно ниво.
Волонтерството им дава можност на луѓето, особено оние што често пати се исклучени од локалните заедници, конкретно да влијаат врз своите животи и да играат конструктивна улога во своите заедници преку волонтирање на своето време и вештини. Преку волонтирање, заедниците низ целиот свет честопати доживуваат зајакната солидарност и вклученост. Придобивките се енормни и за заедниците, а и за волонтерите.
Честитајќи го Меѓународниот ден на волонтерството, претседателот Пендаровски посочи дека волонтерите на Црвениот крст кои се вклучени во помош и поддршка на луѓето кои се во незавидна состојба како резултат на пандемијата, претставуваат мотив и инспирација за сите останати и позитивен пример што ја враќа надежта во човечноста и хуманоста.
Во секоја Општинска организација на Црвен крст, така и во Општинската организација на Црвен крст на Гевгелија постои форма на организирање на младите волонтери преку т.н. „Клубови на млади“. Заедничко за сите клубови на млади е тоа што нивното функционирање е во согласност со Правилникот за организација и работа на Младите на Црвен крст на РМ
Во Гевгелија тоа се млади луѓе, кои преку своите активности ги шират принципите и идејата за Црвениот крст, волонтираат за посреќно, поздраво и поинформирано општество, во кое младите ќе можат поуспешно и поквалитетно да се оформат како личности и идни успешни лидери на светот. Во низата форми на делување на Општинската организација на Црвениот крст на Гевгелија, младите се поддршка, но и директни имплементатори на програмските и проектните активности.
Преку организираната форма на дејствување- Клуб на млади, активностите во голема мерка се насочени кон: социјално- хуманитарни, здравствено превентивни и календарски активности и активности иницирани од волонтерите во Клуб на млади согласно проценките и потребите на заедницата во која живеат.
Волонтерите кои се дел од клубот на млади поминуваат обуки, работилници преку кои подетално се запознаваат со структурата на организацијата, активностите и приоритетите за работа. Согласно нивните индивидулани потреби, можности и лични афинитети , волонтерите се стекнуваат и со дополнителни обуки во различни сфери пр. зајакнување на тим и тимска работа, лидерски вештини, тренинг за врснички едукатори, дисеминатори, демонстратори за Прва помош и сл. Континуираната надградба на капацитеите на волонтерите помага во нивната вклученост во теренските активности, бидејќи во Црвениот крст волонтерите се столб на организацијата.
Волонтерите во рамките на клубот комуницираат помеѓу себе на ниво на неделни средби/состаноци, но и преку социјалните медиуми и преку официјалните ФБ страници на ОО на Црвен крст на Гевгелија и Црвен крст на РМ.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *