ГЕВГЕЛИЧАНЕЦОТ РИСТО МИОВ ДОБИТНИК НА ЧЕТИРИ ЗЛАТНИ ПЛАКЕТИ НА НАТПРЕВАРОТ НА МЛАДИ ВИНА „BEAUJOLAIS NOUVEAU“ 2021 ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ВИНАРИ НА МАКЕДОНИЈА ВО КАВАДАРЦИ.

WEB Телевизија во живо

Здружението на винари на Република Македонија традиционално и оваа година, во ресторантот Ексклузив во Кавадарци организираше доделување на награди за млади вина од домашни производители.
Производителот на вино, гевгеличанецот Ристо Миов, и од овој фестивал се врати со три златни и една гранд плакета за своите вина, Вранец и Куве.„Натурализираниот“ скопјанец, Миов, веќе подолго време произведува разни видови на вино во својата мала винарија кои се редовно наградувани на фестивалите на вино ширум Македонија.
Покровителите Игно Тасев и Елена Богева нагласија дека оваа манифестација на која имаше многу добри вина е наменета токму за домашните призводители, затоа што во секој од нив се крие по некој добар мајстор на овој божествен пијалок.
– Некои по традиција која ја пренесуваат низ генерации, некои со помодерни технологии, сепак сите тие се мајстори кои својата умешност ја претвараат во прекрасно вино .

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *