АНДОН САРАМАНДОВ: ПОРАДИ ЗАШТЕДА, ОВАА ГОДИНА НЕ РАСПИШУВАМЕ НОВ ТЕНДЕР ЗА НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ. ЌЕ ГИ КОРИСТИМЕ ЕЛКИТЕ И УКРАСИТЕ СО КОИ РАСПОЛАГА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Гевгелија во пресрет на новогодишните и божиќните празници ќе биде новогодишно украсена, а новогодишната елка ќе биде поставена во центарот на градот. Меѓутоа, годинава, нема да биде распишан нов тендер за новогодишно украсување. Имено, одлучено е за новогодишно украсување да се користат елките и украсите со кои располага општината. Тоа значи дека од Општинскиот буџет за новогодишно украсување нема да бидат користени дополнителни средства.

 „Поради енергетската криза и воопшто потребата од заштеда на средства, одлучено е градот и неговото централно градско подрачје да бидат украсени со новогодишните украси, со кои располага Oпштината. На тој начин нема да им го ускратиме задоволството на граѓаните да го почувствуваат новогодишниот амбиент. Во ЈПКД „Комуналец“ и надлежните служби веќе се подготвуваат за новогодишното украсување и од наредната недела ќе започнат со поставувањето на елката и новогодишните украси, изјави градоначалникот Андон Сарамандов.

 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *