АНДОН САРАМАНДОВ: ВО НАЦРТ БУЏЕТОТ ЗА 2022 ГОДИНА СЕ ЗГОЛЕМЕНИ СРЕДСТВАТА ЗА СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА И ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ОПШТИНАТА

WEB Телевизија во живо

На третата седница на Советот на Општина Гевгелија, земајќи збор за Нацрт Буџетот, градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов кажа дека вака утврдениот Нацрт-буџет на Општина Гевгелија ја има развојната компонента. Покрај другите издвоени средства за програми и проекти,  тој посебно истакна  дека во Нацрт-Буџетот за наредната година се зголемени средствата во програмите за спорт и рекреација, како и за развој на туризмот во општината. Односно, предвидени се средства за изготвување проектна документација и за реконструкција на ДТВ „Партизан“, кој објект е од посебно значење за општината. Исто така, се предвидени средства за создавање на услови за поголема искористеност на компаративните предности на поднебјето и потенцијални капацитети и ресурси за развој на алтернативниот туризам.
– Со својата местоположба и природни ресурси на Гевгелија и е потребна стратегија за развој на туризмот и искористување на сите туристички потенцијали. Како и зголемување на зелените површини и спортски и рекреативни терени за дружење и рекреација, бидејќи тоа е предусловот за здрава популација. Имам конкретен план и подготвеност, со многу работа и залагање, заеднички со новоизбраниот Совет, општинската администрација и сите сограѓани да се избориме општина Гевгелија повторно да биде најперспективно место за живеење во земјава, изјави Сарамандов

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *