ВО ГЛАЗГОВ ЗАПОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ОН ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ.КЛИМАТСКИ ХОРОР Е ПРЕД НАС, АКО НЕШТО НЕ СЕ ПРЕЗЕМЕ

WEB Телевизија во живо

Политичката елита, илјадници демонстранти и полиција и само една тема – спасот на планетата Земја. Некои земји ќе исчезнат, други ќе влезат во популациски хаос, ќе живеат во услови како во Сахара …, како последица од климатските промени кои се пред нас ако ништо не се преземе
Гутереш: „Ние сами си го копаме гробот. Време е да се каже доста.
„Човештвото долго време доцни кога се во прашање климатските промени. Има една минута до полноќ на Судниот ден и треба да дејствуваме сега“, рече британскиот премиер Борис Џонсон на отворањето на конференцијата.
„Ако денес не ги сфатиме сериозно климатските промени, утре ќе биде доцна за нашите деца.
Додека Џонсон зборуваше, шведската активистка за климата Грета Тунберг ја ретвитираше поканата до милиони нејзини поддржувачи да потпишат отворено писмо во кое ги обвинува лидерите за предавство.
„Ова не е вежба. Ова е црвена ознака за Земјата“, се вели во писмото. „Милиони ќе страдаат додека нашата планета е уништена – застрашувачка иднина која ќе се создаде или ќе се избегне со одлуките што ќе ги донесете. Вие имате моќ да одлучувате.
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *