СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА „МЕТОДИЈА АНДОНОВ ЧЕНТО“ ВО МРЗЕНЦИ ДОЛГА 840 МЕТРИ.

WEB Телевизија во живо

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, во рамките на редовните активности за увид на тековните изведбени работи во Општината, денес направи увид на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Мрзенци. Имено, на оваа улица од влезот до центарот на Мрзенци, во завршна фаза е целосната реконструкција. По извршената санација, проширување и поставување на рабници, се асфалтира оваа главна сообраќајница во Мрзенци, долга 840 метри. Реализацијата на проектот чини 10 милиони денари, кои средства се обезбедени од грантот на Светска банка, преку Министерството за транспорт и врски. Изведувач на работите, по изборот на најповолната понуда, беше фирмата „Жикол“.
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *