ОДЛУКИТЕ НА ВТОРОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АВНОЈ НА 29 НОЕМВРИ 1943 ГОДИНА ВО ЈАЈЦЕ БЕА ОСНОВА ЗА КОНСТИТУИРАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА КАКО ПОСЕБНА ДРЖАВА ВО ЈУГОСЛОВЕНСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА

WEB Телевизија во живо

На 29 ноември 1943 г. во градот Јајце, Босна и Херцеговина, се одржа Второто Заседание на Антифашистичкото Собрание (Веќе) на Народното Ослободување на Југославија (АВНОЈ). АВНОЈ беше највисоко политичко и претставничко тело на антифашистичката борба. Со своите решенија ја конституира нова Југославија како федеративна држава составена од шест републики, на пет нации. Со тоа се прекинал континуитетот со Кралството Југославија, во кое не беше признато постоењето на македонскиот народ.
Македонија беше прогласена за држава конститутивна членка на југословенската федерација. Се донесоа одлуки со кои беа конституирани највисоките органи на државната власт на Демократска Федеративна Југославија, односно беше формиран Национален Комитет за Ослободување на Југославија како највисок извршен орган на власта, односно како орган за да ги извршува одлуките на АВНОЈ до формирањето на влада по ослободувањето на земјата. Ги имаше сите прерогативи и овластувања на Привремена влада на ДФ Југославија. Одлуките на Второто заседние на АВНОЈ беа основа за конституирањето на Македонија како посебна држава во југословенската федерација.
Во Решението за изградување на Југославија врз федеративен принцип донесено на Второто заседание на АВНОЈ се вели и: 1) Народите на Југославија никогаш не го признавале и не го признаваат распарчувањето на Југославија од страна на фашистичките империјалисти и ја докажаа во заедничката вооружена борба својата цврста волја и натаму да останат обединети во Југославија. 2) За да се оствари принципот на сувереноста на народите на Југославија, за да претставува Југославија вистинска татковина на сите свои народи и за да не стане никогаш веќе домен на која и да било хегемонистичка клика, Југославија се изградува и ќе се изгради врз федеративни принципи, кои ќе им осигурат целосна раммоправност на Србите, Хрватите, Словенците, Македонците и Црнорорците, односно на народите на Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. 3) Во согласност со таквата федеративна изградба на Југославија, која се темели врз најцелосни демократски права е фактот што веќе сега, во времето на Народноослободителната борба, основните органи на народната власт кај одделни народи на Југославија ги прететавуваат народноослободителните одбори на земските антифашистички собранија на народното ослободување. 4) На националните малцинства во Југославија ќе им се обезбедат сите национални права”.
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *