НИКОЛА ПЕЕВ ОД „МОБИЛНОСТ ГЕВГЕЛИЈА“ ПРВ НА РЕПУБЛИЧКИОТ ТУРНИР ВО ТАБЛА ВО ТЕТОВО

WEB Телевизија во живо

Уште еднаш се потврди дека таблата е еден од најпопуларните „спортови“ во Гевгелија. Трочлената екипа што го претставуваше Здружението на лица со телесен инвалидитет од Гевгелија Мобилност Гевгелија на турнирот по табла во Тетово, беа многу успешни. Никола Пеев го освои првото место а Илчо Кангов го освои второто место. Традиционално од Тетово се враќаат со пехари и награди. Честитки до сите учесници и до победниците. Пред две години пехарот во Гевгелија го донесе Никола Марачков.
Инаку, Републичкиот натпревар во табла е еден од настаните каде лицата со телесен инвалидите ја покажувааат социјалната инклузија и можноста преку натпреварувачки активности да станат дел од општеството онаму во принцип каде не можат да бидат еднакви со сите други. Можност исто така да се разменат информации со луѓето од институциите за нашите потреби и подобрување на правата и можностите на лицата со инвалидитет.
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *