МИРЈАНА КРСТЕВА МАССЕТИ, АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ И ПЕРО КОВАНЦАЛИЕВ ЌЕ УЧЕСТВУВААТ НА ЈУБИЛЕЈНАТА ИЗЛОЖБА „75 ГОДИНИ ДЛУМ“

WEB Телевизија во живо

На 1 декември во Националната галерија, во објектите Чифте амам и Mала станица ќе биде отворена голема јубилејна изложба на членови на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) од неговото постоење до денес, по повод 75 години од формирањето и постоењето на друштвото.
На оваа јубилејна изложба, со свои дела ќе бидат претставени и гевгелиските уметници Мирјана Крстева Массети, Александар Јанев и Перо Кованцалиев.
Свеченото отворање ќе се одржи во Чифте амам со почеток во 20 часот, а приемот на посетители ќе биде во период од 19 до 19 часот и 50 минути. Изложбата ќе може да се проследи до 12 декември.
„На изложбата ќе биде претставен богат творечки опус, слики, скулптури, графики, цртежи, инсталации, таписерии од 292 автори, почнувајки од основоположниците на ДЛУМ, преку истакнати доајени кој што го трасирале патот и оставиле силен белег во современата ликовна сцена, средна генерација истакнати ликовни автори, па се до новата генерација која што ја претставува иднината на ДЛУМ. Горди сме на нашето членство и со задоволство го славиме овој значаен јубилеј“, велат од ДЛУМ.
На отворањето на изложбата ќе се обрати директорката на националната галерија Дита Старова Ќерими, претседателката на Уметничкиот совет на ДЛУМ Дијана Томиќ Радевска и министерката за култура Ирена Стефоска. Како што најавуваат од ДЛУМ, изложбата ќе ја отвори покровителот на јубилејот, односно претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски.
 
Jove Linkov, Suzana Stefanova and 54 others
 
1 Comment
2 Shares
 
Like
 
Comment
 
Share
 
a

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *