ИВАН ШУКЛЕВ ОД КОМПАНИЈАТА „ VITTORIA FRUIT“ ОД ГЕВГЕЛИЈА:И ВО ГЕВГЕЛИЈА ТРПЕЗНО ГРОЗЈЕ ЗА „ ЕВРОПСКА ТРКА“ ИМАМЕ !

WEB Телевизија во живо

Пред некое време, пишувавме за јапонското црвено грозје, од сортата „Руби Роман“со големи зрна кои може да тежат и до 20 грама, за кое, некои богаташи плаќале и до 10.000 долари за килограм.
Овој пат ќе ви го претставиме македонскиот пандан на ова грозје, „Ред Глоуб“( американска сорта), на гевгелиската компанија „ VITTORIA FRUIT“. Оваа сорта е „кралица“ на семеното грозје, со зрна големи како и на јапонската сорта „Руби Роман“, и до 20 грама, „полни со вкусни сокови кои пукаат во вашата уста“ ,а еден грозд може да тежи и до 2,8 килограми .
Е, сега, можеби во некоја блиска иднина, некој од богатите европејци кога убаво ќе го запознаат овој вид на грозје и ќе платат цена од 10.000 долари, како за јапонското. Шегата на страна, овој и другите видови на грозје на оваа гевгелиска компанија одлично се продаваат во големите европски маркети преку една од најголемите дистрибутивни мрежи Greenyard.
Vittoria Fruit e компанија на гевгелиското семејство Шуклеви од Гевгелија која произведува околу 2500 тони трпезно грозје годишно. Најголем дел, 90 отсто од грозјето се извезува на неколку европски пазари. Во моментот оваа компанија е водечки производител на трпезно грозје во Република Македонија.
Како што вели нејзиниот комерцијален директор, Иван Шуклев, оваа компанија поседува BSCI сертификат, нешто како „пасош“ за грозјето кое се извезува.
Преку Increasing Market Employability – IME, Vittoria Fruit го воведе во Македонија производството под специјална рециклирачка најлонска обвивка за продолжување на сезоната на зреењето и бербата на трпезното грозје. Исто така, потенцира тој, под овој специјален најлон, грозјето е заштитено од УВ зрачење, зрното е многу поголемо и подолго ја задржува влажноста
Продолженото зреење на грозјето значи зголемување на сезоната на берба, и поголемо присуство на пазарот!
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *