ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САРАМАНДОВ СО ОБНОВА НА ДТВ „ПАРТИЗАН“ (НЕКОГАШЕН „СОКОЛСКИ ДОМ“) ГО РЕАЛИЗИРА ПРВОТО НЕГОВО ПРЕДИЗБОРНО ВЕТУВАЊЕ.

WEB Телевизија во живо

Во рамките на втората недела од превземањето на функцијата, Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, започна со остварување на еден од многуте негови проекти промовирани во неговата предизборна програма. Тој, заедно со своите соработници, изврши увид во фактичката состојба на руинираниот објект на ДТВ „Партизан“. При тоа беше договорено од страна на надлежните општински служби да се изработи идеен и основен проект, по што ќе следи постапка за за обнова на овој објект, кој гевгеличани го помнат како „Соколски Дом“.
Овој објект е изграден во далечната 1935 година и во него се одвивале не само спортски, туку и театарски активности. Иако Соколското друштво било под директна управа на тогашната српска власт, сепак во него членувале голем број на младинци. Тие не оделе во него заради „витештвото на српскиот народ“, туку заради потребата од разни форми на физичка активност (вежби, атлетика, стрелаштво), како и можноста преку членувањето во ова друштво да се оди на различни слетови кои тогаш се организирале, како во земјата така и во странство.
Салата и придружните простории со кои бјектот располага, по ослободувањето се користеле за спортски активности и обуки на младите граѓани на општина Гевгелија.
„При увидот, констатирав дека спортската сала „ДТВ Партизан“ е во доста лоша состојба, изјави градоначалникот Сарамандов. Оваа спортска сала, позната како „Соколски дом“, има историско и воопшто големо значење за гевгеличани. Оттука и нашата обврска за обнова на спортската сала ДТВ „Партизан“ и нејзино ставање во функција на младите спортисти за подготовка и реализација на нивните активности. Особено, ако се има предвид дека бројот на новите спортски здруженија се зголемува од ден на ден,“, истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов.
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *