ГОЛЕМ БРОЈ ГРАЃАНИ НА ГЕВГЕЛИЈА УЧЕСТВУВАА НА ПРАЗНИЧНАТА ЛИТИЈА СО ЧУДОТВОРНАТА ИКОНА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА-СОГЛЕНСКА

WEB Телевизија во живо

По прекрасно, сончево време, многубројни верници денеска зедоа учество во Големата торжествена гевгелиска литија со чудотворната икона на Пресвета Богородица-Согленска, која, по прв пат, оваа година ја благослови и Гевгелија.
Од дворот на Манастирот „Свети Спас“, каде што претходно беше отслужена Света Златоустова Литургија, Молитвената Литија, составена од човек кој го биеше клепалото, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалти, хорот„Свети Јован Кукузел“ од Гевгелија и членови на Ансамблот „Бојмија, како и свештенството на Гевгелиското Архиерејско Намесништво, се движеше низ градското шеталиште, помина покрај зградата на Општината и пристигна во Црквата „Свети Кирил и Методиј.
Отец Љупче Миланов и сите свештеници од Гевгелиската епархија не ја криеја возбудата во нивните срца од тоа како гевгеличани достојно ја дочекаа оваа чудотворна икона, пред која можат да се поклонат деновиве, зошто „оној што ја почитува Богородица, вели отец Миланов, не може да ја загуби својата душа.“
Инаку, Согленскиот манастирот се наоѓа на 30 километри југозападно од Велес во реонот на селото Согле, а во соседство со селата Богомила, Бистрица и Теово, во месноста Азот.
Најпозната реликвија на овој манастир е чудотворната икона на Пресвета Богородица – Согленска, која според иконописниот стил, потекнува од XIX век, од времето кога бил изработен и иконостасот. Оваа икона е позната по тоа што многу бездетни парови, кои се молеле во овој манастир пред оваа икона, добиле рожби, а како сведоштво за ова е детските алишта кои секоја година верниците ги носат во манастирот, како доказ и благодарност за услишаните молитви на Пресветата Мајка Божја. Поради оваа чудотворна икона и многуте чуда кои се извршиле тука, манастирот е познат во Велес и велешко, како и низ цела Македонија.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *