ДЕВЕТ ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ПИСАТЕЛКАТА КАТА МИСИРКОВА РУМЕНОВА.„ЗНАМ ДЕКА НА ИЗДРЖЛИВОСТА ЛИЧАМ НА МАЈКА МИ, А НА ПРГАВОСТА И РАБОТЛИВОСТА НА МИСИРКОВИ“

WEB Телевизија во живо

„Знам дека на издржливоста личам на мајка ми, а на пргавоста и работливоста на Мисиркови“, ги помнам нејзините зборови, додека ми одбираше книга за читање во градската библиотека „Браќа Миладиновци“, која се наоѓаше во бараки зад „Железничката колонија“, во близина на Униварзалната сала.
Тетка Ката, како што ја викавме ние, „клинците“ од улицата „29 Ноември“, беше жената која во мене, како мал ми ја всади љубовта кон читањето. Неа повеќе ја нема, но кај мене, љубовта кон убавиот пишан збор сеуште е присутна.
Тетка Ката, раскажувач, романсиер, поет, драмски писател е родена на 14 септември 1930 година во с. Постол, Ениџе Вардар, Егејска Македонија. Нејзиниот прадедо е Крсте Петков Мисирков.
Таа зад себе остави богат творечки опус како романсиер, раскажувач, поет и драмски писател. Член на Друштвото на писателите на Македонија беше од 1966 година. Работниот век го завршила како библиотекар во библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Таа е автор на повеќе од 40 дела, меѓу кои: романите – „Жешка земја“, „Големите атови“, „Пранги“, „Длабокиот рез“, „Милосија“; книгите раскази: „Мајка Которичанка“, „Записи за Пела“, „Илинденски раскази“ и стихозбирките – „Скаменета солза“, „Плач пред ѕидот“ и „Белегзија“.Автор е на ТВ драмите: Крепост, Одлука, Средба, Вознес на душата, на монодрамите: Мајка Которичанка, Малина Поп Иванова, Гоце Делчев, Султана, како и на над шеесетина радио драми за возрасни и деца.
Почина на денешен ден, 2012 година во Скопје.
May be an image of 5 people
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *