ДЕНЕСКА ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА МЛАДИНСКИОТ ДОМ ВО ПРДЕЈЦИ

WEB Телевизија во живо

Денеска започна реконструкцијата на Младинскиот дом во населеното место Прдејци. Општина Гевгелија за таа намена доби 12.000.000 денари, средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија од пренамена на средствата што беа предвидени за изградба на откажаниот карго аеродром на ТАВ. Жителите на ова населено место долго време бараа реконструкција на овој објект, кој е започнат со средства издвоени од тамошните жители.
На површина од 580 метри квадратни во центарот на населеното место, наместо старото и недовршено здание, ќе никне нов модерен објект. Имено, Домот ќе располага со голема сала за одржување на разни јавни, младински и културни настани, како и придружни простории. Изведувач на работите на Младинскиот дом е битолската фирма „Мегаконс“, а надзорот ќе го врши ГИМ.
На почетокот на изведбените работи на реконструкцијата на Младинскиот дом во Прдејци присуствуваа градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, пратеничката во Собранието на РМ, Ангелинка Петкова, членови на Советот на Општина Гевгелија, претставници на ТАВ, на изведувачот и надзорот, како и други гости.
– Ова е значаен настан за граѓаните на Прдејци бидејќи изградбата на објектот започнала пред повеќе од три децении, но никако не била завршена. Со реконструкцијата конечно ќе се обезбедат простории за одржување на младински, културни и други општествени настани во Прдејци. Покрај одобрените средства, општина Гевгелија треба да обезбеди опремување на Младинскиот дом. Во наредниот период ќе настојуваме да ги интензивираме активностите за реализација на одобрените проекти во секое населено место. Во прв ред, изградбата на прочистителна станица во Смоквица и Милетково, водоводна линија со препумпна станица во Ума, но и други инфраструктурни проекти во другите населени места, изјави градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов.
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *