ДАРУВАЈ КРВ,СПАСИ ЖИВОТ. ВО ДЕНЕШНАТА АКЦИЈА НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ОД ГЕВГЕЛИЈА СОБРАНИ 30 ЕДИНИЦИ КРВ.

WEB Телевизија во живо

Уште една успешна крводарителска акција се одржа денес, 24 ноември 2021 година во Гевгелија. Имено, Општинската организација на Црвен крст Гевгелија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина организираше крводарителска акција за припадниците на МВР – Гевгелија и граѓаните на општината.
Акцијата беше спроведена во просториите на Народниот театар во периодот од 9 до 14часот, а вкупно беа собрани 30 единици крв.
Од Општинската организација изразуваат голема благодарност до сите раководители и припадници на МВР – Гевгелија за учеството во досега најголемата активност и покажаната хуманост на дело за спас на нечиј живот.
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *