Д-Р ПАТРИК МАТХ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

На денешната седница на Советот на Општина Гевгелија, членот на Советот на Општина Гевгелија Сашко Стојиловски, во име на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, за кандидат за претседател на Советот на Општината го предложи д-р Патрик Матх.
По јавно гласање, 11 членови на Советот го подржаа предлогот и д-р Патрик Матх, лекар специјалист по интерна медицина, беше избран за претседател на Советот на Општина Гевгелија. Новоизбраниот претседател се заблагодари на довербата и изрази надеж дека заеднички и со добра соработка и залагање на сите советници, Советот на Општината ќе придонесе за интересите на граѓаните.
Доктор Патрик Матх, потекнува од фамилија во која уште од малечок бил опкружен од медицината, и не е чудно што ја избрал оваа професија. Љубовта кон биологијата го поттикнала да се запише на Медицинскиот факултет во Скопје, кој го завршува во 1995 година. Една година работел во одделението за хемодијализа во Општата болница во Гевгелија, каде неговиот татко, Ромео Матх е раководител, потоа една година во диабет центарот, па во Итната медицинска помош, и две години е матичен лекар во Богданци. Во моментот работи во Општата болница со проширена дејност во Гевгелија, каде покрај амбулантските интернистички прегледи, заедно со помладиот свој колега доктор Блажо Чочков, раководат со модуларната Ковид болница.
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *