ВО НОВА ГРАДИШКА ОТКРИЕН НОВ СПОМЕНИК НА ТОШЕ ПРОЕСКИ.ОВОЈ СПОМЕНИК Е УШТЕ ЕДЕН ДОКАЗ ДЕКА АНГЕЛИТЕ НЕ СЕ САМО НА НЕБОТО ТУКУ ТОШЕ БЕШЕ ВИСТИНСКИ АНГЕЛ НА ЗЕМЈАТА ДОДЕКА БЕШЕ ЖИВ.

WEB Телевизија во живо

Денеска, сабота на 23 октомври 2021 година во Нова Градишка, Хрватска , на шеталиштето „Новоградишки куриозитети ,беше откриен споменик на Тоша Проески . Самата идеја и одлука да се направи камена статуа на Тоше Проески, која е дел од љубовта и почитта кон него и кон целиот македонски народ, потекнува од компанијата Техникс и нејзиниот претседател Ѓуро Хорват.
На откривањето присуствуваа нашиот абмасадор во Хрватска, Милаим Фетаи, градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ, градоначалникот на Крушево, Томе Христовски, ветераните на македонската ракометна репрезентација на чело со Пепи Манасков, граѓани на Нова Градишка.
Градоначалникот Гргиќ кажа дека една несреќа направи два народа, македонскиот и хрватскиот, и две општини, Крушево и Нова Градишка, да се запознаат и да соработуваат благодарејќи на песните на популарниот македонски поп пејач, Тоше Проески.
„Она што не поврзува со Нова Градишка е трагедијата на пејачот и наш сограѓанин Тоше Проески. Но, заедно сите сме негови фанови и сега и пред неговата смрт. Да се потрудиме да го продолжиме неговото дело, а тоа е добри дела, љубов и толеранција. Тоше вечно ќе живее во нашите спомени. Нека живее нашето пријателство и натаму, нека живее и споменот за Тоше преку овој споменик. Слава му, изјави Христовски.
Амбасадорот Фетаи потсети на мисијата на Тоше, кој со својата песна и неизмерна љубов која ја ширеше насекаде, во текот на неговиот краток животот, а особено после трагичната смрт, придонесува за градење на пријателски мостови меѓу македонскиот и хрватскиот народ.
Самата идеја и одлука да се направи камена статуа на Тоше Проески, која е дел од љубовта и почитта кон него и кон целиот македонски народ, потекнува од компанијата Техникс и нејзиниот претседател Ѓуро Хорват.
Статуата е дело на уметникот Славко Буниќ, а покрај тоа што е симбол на пријателството меѓу Нова Градишка и Прилеп, постојаниот лик на Тошо Проески ќе не потсети на неговата уметност, музика и чувствата кои неговата музика ги предизвикува во нас.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *