ВО ГЕВГЕЛИЈА АНДОН САРАМАНДОВ СО ОСВОЕНИ 6.064 ГЛАСОВИ И САШО ПОЦКОВ СО 4.465 ГЛАСОВИ ОДАТ ВО ВТОР КРУГ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК.ВО СОВЕТОТ 9 СОВЕТНИЦИ ЌЕ ИМА ВМРО-ДПМНЕ, 7 СДСМ, 1 ЛЕВИЦА, 1 ЛДП-ДОМ И 1 НЕЗАВИСНАТА ЛИСТА ТОМЕ ЌИЧУКОВ

WEB Телевизија во живо

Во општина Гевгелија на вчерашните локални избори, најмногу гласови за Градоначалник освои кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ – Андон Сарамандов кој освои 47,11% од гласовите, или 6.064 а како втор е Сашо Поцков, кандидатот на СДСМ кој освои 34,69%, или 4.465 од гласовите на граѓаните во првиот изборен круг. Тие двајца одат во вториот изборен круг на 31 октомври кога ќе се знае кој ќе биде идниот градоначалник на Општина Гевгелија. Кандидатот на ЛДП-ДОМ, Виктор Петков освои 999 гласови, кандидатот на Независната листа Томче Ќичуков, Глигор Петков освои 504 гласови, а кандидатот на Интегра Љупчо Кадиев 129.
Што се однесува до идниот состав на Советот на Општина Гевгелија, кој брои 19 советници, поделбата на советничките места според освоените гласови и Донтовиот изборен модел, тој изгледа вака: 9 советници ќе бидат од ВМРО-ДПМНЕ, 7 влегуваат од листата на СДСМ, а по еден советник ќе дадат ЛЕВИЦА, ЛДП-ДОМ и НЕЗАВИСНА ЛИСТА ТОМЕ ЌИЧУКОВ.
Инаку, на вчерашните локални избори во Општина Гевгелија, од вкупно запишаните 19.076 гласачи, на изборите излегле 12.872 граѓани со право на глас, или 67,48 отсто. За Градоначалник имало 711 неважечки ливчиња, додека за Советот неважечки биле 610 ливчиња.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *