УШТЕ ЕДЕН ВО НИЗАТА УСПЕСИ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ.ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ГО ОСВОИ ВТОРОТО МЕСТО НА АТЛЕТСКАТА ТРКА НА 10 КИЛОМЕТРИ „23 ОКТОМВРИ“ ВО СКОПЈЕ.

WEB Телевизија во живо

Во пресрет на првата улична трка „November run Gevgelija 2021“ која ќе се одржи на 7 ноември оваа година во нашиот град, членовите на истоимениот Атлетски клуб од Гевгелија продолжуваат со успешни настапи на трките низ Македонија.
Така, денес, во Скопје, на терените на Гази Баба се одржа традиционалната трка на 10 километри, по повод Денот на македонската борба „23 Октомври“.
На трката на која настапија 95 натпреварувачи, Валентина Узунова, во женска конкуренција, во која настапија 28 натпреварувачки, го освои одличното 2 место со резултат од 53 минути и 25 секунди.
Во машка конкуренција, Мијалче Андоновски, во конкуренција на 67 натпреварувачи го зазеде 33 место со време 52 минути и 3 секунди.
Узунова за прв пат настапи на 10 километарската трка во Скопје, организирана по повод денот на Македонската револуционерна борба 23-ти Октомври, и не го крие своето задоволство што на првиот настап освои второ место. Стартот и финишот на оваа тркабеа пред црквата “Сретение Господово”, во населбата Железара, а се трчаше низ шума паркот на Гази Баба.
Оваа спортска манифестација е подржана од општината “Гази Баба” и Атлетската федерација на Македонија.
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *