УЛТРАМАРАТОНЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ПРИМЕНИ ОД АМБАСАДОРОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ХРВАТСКА МИЛАИМ ФЕТАИ, ДИРЕКТОРКАТА НА КИЦ ВО ЗАГРЕБ НАТАЛИЈА ПОПОВСКА И СВЕШТЕНИКОТ ВЕЛИНСКИ ВО ЦРКВАТА „СВ. ЗЛАТА МЕГЛЕНСКА“ ВО ЗАГРЕБ.

WEB Телевизија во живо

Македонските ултрамаратонци, Тоше Анчев, Наум Капричевски, Никола Гелов, Фидан Арсовски и Александар Митревски,кои по 14 пат, од утре, 14 октомври до 16 октомври, ќе го трчаат маратонот од Нова Градишка до Крушево, родното место на Тоше Проески, веќе се во Загреб.
Тие денес беа примени од амбасадорот на Македонија во Хрватска, др.Милаим Фетаи и од директорката на Културно информативниот центар на Македонија во Хрватска, Наталија Поповска. Исто така тие ја посетија и црквата Света Злата Мегленска во Загреб, која е во изградба и се сликаа со првата икона внесена во оваа нова црква и со парохискиот свештеник, ставрофор Киро Велински.
И оваа година маратонот е во организација на Националната установа Спомен куќа Тодор Проески и на Одбојкарскиот клуб Синалко од Крушево.
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *