TОШЕ АНЧЕВ, СО УШТЕ ЧЕТВОРИЦА МАРАТОНЦИ ДЕНЕС ЗАМИНУВААТ ЗА РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА КАДЕ ВО ЧЕТВРТОК ЌЕ ГО ЗАПОЧНАТ УЛТРАМАРАТОНОТ ВО ЧЕСТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ ОД НОВА ГРАДИШКА ДО КРУШЕВО

WEB Телевизија во живо

Тоше Анчев, Наум Капричевски, Никола Гелов, Фидан Арсовски и Александар Митревски, денес во 14 часот заминуваат за Република Хрватска , за да го истрчаат традиционалниот Меморијален маратон во чест на Тоше Проески, кој трагично загина на 16 октомври 2007 година на автопатот Нова Градишка-Загреб.
Традиционално, во пресрет на оваа тажна годишнина, фановите подготвија бројни настани во спомен на Тоше.
Едни од оние кои негуваат посебна традиција со години се маратонците кои и овојпат ќе истрчаат од Нова Градишка до родниот град на Тоше, Крушево. Меморијалниот маратон ќе започне во четврток, 14 -ти октомври. во 17:00 часот, од стадионот на НК Слога во Нова Градишка, додека во пресрет на почетокот во 16:15 часот, ќе бидат положени венци пред споменикот на Тоша Проески, кој се наоѓа во дворот на Електротехничкото и Економското уУчилиште во Нова Градишка.
Во сабота, 16 октомври 2021 година, славиме четиринаесет долги години, без неговиот посебен карактер и дело. Тоше Проески остави неизбришлива трага во нашето наследство, без разлика дали зборуваме за неговите човечки или музички вредности, и во деновите што следат, секој ќе се сеќава на него на свој начин.
Неговите зборови: „Не сакам да ми ја симнувате капата, сакам само да се гордеете со мене.“, засекогаш ќе бидат врежани во срцата на сите што имале привилегија да го запознаат лично или да го следат него преку неговата богата хуманитарна и музичка работа.
Ниту тогаш, ниту денес, нема човек што немал само пофални зборови за Тоше. Сигурно е дека неговите сограѓани во Крушево, како и многу обожаватели, и оваа година ќе го посетат последното почивалиште на македонскиот славеј.
Зборовите на Тоше, „Ве сакам сите“, покажуваат колку беше големо неговото срце и како со своите несебични дела, тој секогаш им помагаше на оние на кои тоа им беше најпотребно. Четиринаесет години подоцна, можеме само да заклучиме…
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *