СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО ГЕВГЕЛИЈА. МАЛКУ Е ЗГОЛЕМЕНА ИНЦИДЕНЦАТА НА ЗАРАЗЕНИ, ВО МОДУЛАРНАТА КОВИД БОЛНИЦА ИМА 7 ХОСПИТАЛИЗИРАНИ И 10 ПАЦИЕНТИ НА ДНЕВНА ТЕРАПИЈА

WEB Телевизија во живо

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, бројот на активни ковид случаи во земјава изнесува 6.191 од кои најголем број 3177 се во Скопје.
Во Гевгелија, бројот на активни случаи е 80. Во последните 7 дена заболени се 35 граѓани, а во последните две недели тој број изнесува 65, што е зголемување на инциденцата од 1,5 отсто.
Во моментот, како што не информираше директорот на Општа болница Гевгелија, Митко Крџев, во ковид модуларната болница се хоспитализирани 7 пациенти, додека 10 пациенти доаѓаат на дневна терапија со ниска потреба за кислородна подршка.
Од почетокот на епидемијата, во Гевгелија се инфицирани 2525 граѓани, оздравени се 2362 а починале 83 наши сограѓани
Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги во предвид индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата се проценува дека Република Македонија е во фаза на широка трансмисија, подниво 2, со умерени капацитети за одговор.
May be an image of outdoors
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *