РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СЕ ПРЕТСТАВУВА НА ЕКСПО 2020 ДУБАИ
Под мотото “Нови можности” и под слоганот “Дом на секој чекор” оваа година Македонија со сопствен павилјон се претставува пред повеќе од 190 земји и над 25 милиони посетители, каде ќе ги промовираме економските можности, инвестицискиот потенцијал, туристичките атракции, богатото културно наследство и етничката разновидност.
Македонија ќе биде во центарот на светската јавност на 22-ри февруари 2022 г., кога ќе се одржи централна културна манифестација и бизнис форум за промоција на инвестициските можности. Придобивките од учеството на Дубаи ЕКСПО 2020 се повеќедимензионални: подигнување на видливоста на Македонија во светски рамки; креирање мрежа на бизнис контакти и можности за зголемување на економската соработка со голем број земји од различни региони во светот; привлекување странски инвестиции, олеснување на пристапот до профиталбилни светски пазари.
Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.