ПРВИОТ КАЈМАКАМ ( ГРАДОНАЧАЛНИК ) НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ВО 1885 ГОДИНА БИЛ ХУСЕИН АВНИ ЕФЕНДИ, А СОБРАНИЕТО (ИДАРЕ МЕЏЛИСИ) БРОЕЛО 8 СОВЕТНИЦИ

WEB Телевизија во живо

Веднаш по постанувањето на каза во 1885 година во Гевгелија за прв пат бил задолжен Кајмакам. Кајмакамот е под Министерството (Незаретот) за Внатрешни Работи и бил под контрола на Валијата кој се наоѓал во Солун. Од 1900 година се забележува дека се воведува и заменик кајмакам кој бил христијанин.
За прв кајмакам во градот бил назначен Хусејин Авни Ефенди а како помошник Махмут Недим Ефендија. Заедно со кајмакамот кој имал должност да раководи со казата, имало и собрание наречено ( Идаре Меџлиси) и кое се состоелно од советници кои гласале за донесувањето одлуки за градот. Собранието се состоело од советници задолжени од страна на државата и од неколку избрани советници. Советници кои биле задолжени од државата биле: заменик кајмакамот Махмут Недим, дирекоторот за економија Мехмет Тевфик, матичарот Феттах и помошник митрополитот. А избраните советници биле 4 лица од кој двајца Муслимани и двајца Христијани.
Советниците биле задолжени да ги следат: приходите, трошењата, зачувување на движностите и недвижностите, да се воде рачун за банкарските сандаци, состојбата на патиштата кој требало да се изградат за селата и ред други работи. Одлуките донесени од овој совет (меџлис) биле пренесувани во кајмакамлукот. Овој совет кој што бил воден од страна на кајмакамот се состојувал од две групи на советници: во првата група биле оние кој што биле назначени и се состојувал од наиб, директор за имот, службеник за иритација, и помошник метрополит. Во подоцнежите години меѓу членовите може да се забележи и градскиот муфтија а од 1900 година помошник кајмакамот. А втората група ја составува членови кои што биле членови кој биле избирани од населението на градот, и кој кој биле од побогатите и познаниците. Членовите од втората група често биле менувани и на нивни места назначени нови членови. Посебно внимание привлекува тоа што меѓу членовите од втората група секогаш имало членови од немуслиманско население. Бројот на членовите од втората група бил четири. (од книгата на Ердоган Шабановски)
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *