ПРОМОЦИЈА НА „ЛАЗАРЕНКИ“,ЖЕНСКИ ПОВОРКИ ОД СЕЛО СЕРМЕНИН ВО ПИОНЕРСКИОТ ДОМ.

WEB Телевизија во живо

Промоцијата на „Лазаренки“ женски поворки од село Серменин, ќе се оддржи во четврток, 21 Октомври 2021 година со почеток од 19:30 часот во Пионерскиот дом „Јосип Броз Тито“ во Гевгелија. Влезот е бесплатен а за присуство на настанот потребно е да се почитуваат сите протоколи поврзани со COVID-19 пандемијата.
Боркица Мурџева етнолог и антрополог, заедно со Андрејчо Проданов како помошен соработник со потекло од село Серменин, изминатиот период од месец март до октомври, работеа на проект насловен „Лазаренки“ женски поворки од село Серменин, поддржан од Министерството за култура за промовирање на нематеријалното културно наследство.
Во текот на изминатите месеци се реализираа теренски истражувања со соговорници од село Серменин, поврзани со празникот Лазарова сабота кој е дел од пролетниот циклус, а главната улога ја имаат женските обредни поворки кои најчесто се девоки на возраст меѓу детинството и моминството.
Обредното дејствие за празнувањето на празникот Лазарева сабота, започнува како што вели нашата соговорничка Лилјана Проданова; “Ние, ка ќе запостаме за Вилигдин и секоа вечер и учааме, тие беа тријсат и две песни не беа една..“ Главната обредна активност се случува во сабота на Лазаре, кога девојките ги посетуваат куќите на семејствата во селото, пеејќи им лазаренски песни кои најчесто се со оптимистична содржина и посакуваат здравје, напредок, благосостојба во домот и се наменети за секој член од семејството. Во село Серменин, Лазаренките ги пееле најчесто песните; Моме стое среде дворе – за млада девојка пред мажење, Кипри Стојко невесто – за мало дете, Мор невесто црноока – за далеко омажена ќерка, Ој лазаре – песна што се пее од патот до портите на куќата. Домаќините на крај ги даруваат Лазаренките со пари, јајца, брашно и други намирници – објаснува етнолог Боркица Мурџева. Традициите можат да не поврзат со минатитие генерации, со етничкиот и религискиот идентитет, и да не сврзат со одредени луѓе и кулутурни однесувања кои ни се важни. Традицијата е, создавање на иднина од нашето минато, но исто така ни покажува дека минатото е само еден од патиштата на споделување и продолжување на традицијата. Да, ние учиме од минатите групи, но исто така учиме од луѓето и групите кои постојат во сегашноста, во нашиот конкретен случај од соговорниците на терен. На еден начин формираме и адаптираме традиција во сегашноста за таа да одговара на моменталните интереси и искуства на групата – вели Боркица. Промоцијата на „Лазаренки“ женски поворки од село Серменин, ќе се оддржи во Четврток 21 Октомври, 19:30 часот во Пионерски Дом Гевгелија. Влезот е бесплатен а за присуство на настанот потребно е да се почитуваат сите протоколи поврзани со COVID-19 пандемијата.
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *