ПЕСТИЦИДИТЕ, ХЕМИСКИТЕ СУПСТАНЦИ И ЛЕКОВИТЕ СЕ НАЈГОЛЕМИ ЗАГАДУВАЧИ НА РЕКАТА ВАРДАР

WEB Телевизија во живо

-Над 400 органски соединенија претставуваат закана за водите на реката Вардар. Најголеми извори на загадување се пестицидите, хемиските супстанци и лековите во пограничниот регион. Покрај ова, речните води на Вардар ги загадуваат и интензивниот станбен и индустриски развој, неконтролираното депонирање на цврсти материи, интензивното сточарство и нелегалната експлоатација на песок,се резултатите што ги соопшти д-р Димитра Ламбропулуод Универзитетот „Аристотелис“-Катедра за хемија од Солун на денешниот Инфо ден во Гевгелија за презентирање нарезултатите од следењето на квалитетот на водата на реката Вардар од двете страни на границата, како дел од проектот„Одржливо управување на водните ресурси во прекуграничниот регион“AQUA-M – II
Според двегодишното истражување на речните води на грчка територија, како и и шестмесечното истражување на македонскиот дел, кое се нецелосни поради пандемијата, пестицидите се најголеми загадувачи, бидејќи за заштита на памукот се користат 50 хемиски супстанци, за пченка 60 и за индустриски домати 58 хемиски супстанци. Загадувањето од пестициди не се намалува и по укинувањето на европските субвенции и намалените површини со памук во пограничниот дел во Грција, бидејќи за заштита на постојните земјоделски култури се употребуваат над 300 хемиски супстанци, покажало истражувањето извршено со новоопремената лабораторија во Униоверзитетот „Аристотелу“ во рамките на проектот. Нова опрема за заштита на водите на реката Вардар од проектот AQUA-M – II е набавена и за јавните комунални претпријатија во Гевгелија, Пеонија и Халкидона.
-Меѓу токсичните загадувачи на реката Вардар во последно време се зголемените количества на медикаменти, и тоа, брофенот, дифлофенакот и другите лекови за ублажување на болка, антибиотиците и антидеприсивните таблети. Пред се, поради начинот на разградување и по нивното минување преку уринарниот тракт го минуваат и биолошкиот третман на отпадните води. Тие се посебно токсични за рибите и птиците. Затоа, ЕУ има пропишана листа на лекови за кои треба да се врши анализа на водите за утврдување на процентот на загадување, вели д-р Димитра Ламбропулу, нагласувајќи дека последните анализи покажуваат зголемено загадување од фармацевските производи, посебно, антибиотиците во сточарството, бидејќи економската криза ја намали употребата на хемиските заштитни средства, додека ЕУ ја забрани употребата на старите типови на пестициди.
Лабораторијата на Катедрата за хемија при Универзитетот „Аристотелу“ во Солун, која е сертифицирана за вакви анализи на водите, продолжува со истражувањето на водата во реката Вардар, вклучувајќи ги и речните води на нашата територија. Имено, согласно законската регулатива на ЕУ, на Република Грција и на Република Северна Македонија, секоја од земјите треба да направи анализи на хемиските загадувачи на Вардар. Инаку, анализите на Солунскиот иниверзитет покажале дека покрај пестицидите, хемиските супстанци и медикаменти, постојат и други токсични загадувачи, како што се пластиката, амбалажата и противпожарните заштини средства.
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *