ONLINE ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ „PLASTIC“ НА ВАНГЕЛ СРНАКОВ И ХРИСТИНА ГЕОРГИЕВА.

WEB Телевизија во живо

Преку делата на Вангел Срнаков темата пластика како материјал е согледана од двоен аспект – естетски и еколошки.
Во современото живеење пластиката која е во секојдневна употреба е составен дел од нашето опкружување до таа мера што станува неприметлива односно невидлива.
Од овој аспект преку ликовниот израз понудено е поинакво естетско видување на секојдневните предмети од пластика кои не’ опкружуваат.
Прекумерната употреба односно злоупотреба на пластиката претставува еколошки проблем од глобален карактер. Огромни количини пластика како отпад завршуваат насекаде во животниот простор, што во последно време е многу актуелна тема. Преку изложбата се остава порака за разумно користење на пластиката заради заштита на околината.
Сликите наСрнаков се изработени во техника масло на медијапан/платно,во неколку жанрови на сликарството како предметното сликарство, портретот, пејсажот, со реалистички приказ на истите.
Христина Георгиева го третира најлонското ќесе како едно од секојдневно најупотребуваните производи од пластика, кое ни служи за пренесување, пакување, чување на предмети и прехранбени производи. За неговата употреба во денешницата има различни мненија и секој од нас расудувајќи стигнува до изводот дека е неопходно ограничувањето и намалувањето на нивната употреба.
Сликите од изложбата ,,Plastic“ немаат образователна цел а изместување на фокусот од функцијата на најлонското ќесе. Преку повторна употреба, го вклучувам ќесето во својата работа, покажувајќи ги неговите нетипични својства, како средство за ставање на боја и мешање. Така еден неприроден производ ја губи својата цел да служи и се претвора во создавачки, обединувачки и истовремено вдахновувачки. Намерата на авторот има за цел подцртување на вредностите и дополнување на композицијата со пластичност. При правењето на сликите беа употребени ќесиња, кои ја преминале границата на предодреденоста и носејќи ги своите нови функции, ја продолжуваат својата работа како творци.
Изложбата е реализирана во соработка со Пионерскиот дом во Гевгелија и Градската галерија во Севлиево, Р.Бугарија, а може да ја погледнете на
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *