ОДЛИЧЕН НАСТАП НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ НА „ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН 2021“ ПРВО МЕСТО ВО МАШКА И ВТОРО МЕСТО ВО ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА НА „МАРАТОН РЕЛИ“ ШТАФЕТНАТА ТРКА.

WEB Телевизија во живо

Атлетичарките и атлетичарите на АК „7-ми Ноември“ од Гевгелија денеска имаа повеќе од успешен настап на 17-от по ред „ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН 2021“ . Така, во штафетната трка „Маратон рели“ во машка конкуренција првото место со време од 02.38.50 часа го освои комбинираниот тим, составен од Атанас Епов и Тодор Анчев, од АК „7-МИ НОЕМВРИ“ и Дарио Георгиевски и Златко Карчевски од ЗАПС ЕДИНАК.
Потполната доминација на гевгелиските атлетичари во штафетната трка ја покажа со освојување на второто место со време од 04.11.04 часа и женската екипа на АК „7-ми Ноември“ во состав Цеца Србова, Магдалена Јованова, Александра Крајчева и Александра Атанасова Петрова.
Сите атлетичарки и атлетичари од гевгелискиот клуб успешно ги завршија своите трки, а ги издвојуваме Стојан Делев, кој во Маратонската трка го освои 35-то место и Валентина Узунова, која во Полумаратонот за жени го освои 41 место.
Ова е уште еден доказ за квалитетот на овој наш атлетски клуб, и одлична најава за Седмоноемвриската трка, која по повод општинскиот празник ќе се одржи во Гевгелија на 7-ми ноември 2021 година.
Стартот на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт беше во 8 часот, а трката на 5 километри започна 10 минути подоцна, од платото пред Спортски центар „Борис Трајковски“, каде што беше и целта на овогодишниот маратон. Виз Ер Скопски маратон 2021 се реализираше под специјални протоколи одобрени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.
Виз Ер Скопскиот маратон е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски клуб „Работнички“ од Скопје, под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *