ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА.

WEB Телевизија во живо

По повод Светскиот ден на лицата со церебрална парализа денеска Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност-Македонија“ организираше работна средба на која присуствуваа Спасе Додевски, советник на претседателот на Владата и претседавач со Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на Обединетите нации, за правата на лицата со попреченост и советникот на премиерот, за труд и социјална политика Милан Живковиќ.
На средбата се разговараше за актуелната состојба, можностите и потребите на лицата со телесен инвалидитет, при што беше истакнато дека Владата сериозно пристапува и со исклучителен интензитет ќе продолжи да работи на сите процеси за остварување на правата на лицата со попреченост, со продолжување на соработката со корисниците и сојузите, со цел подобрување на животот на лицата.
Во оваа насока беше истакнато дека Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет има и свој претставник, заменик-член во состав на Националното координативно тело во Владата, кој преку непосредна комуникација е вклучен во остварувањето на напредок на правата и можностите на лицата со попреченост.
На денешната работна средба, владините претставници ја истакнаа подготвеноста на Владата, да продолжат со спроведување процеси во нашата држава, преку децентрализација и деинституционализација, почитувајќи ги основните човековите права, да спроведуваат проекти во соработка со граѓанскиот сектор, со цел обезбедување квалитетни социјални и останати услуги и грижа за сите категории граѓани.
Со одбележувањето на Денот на лицата со церебрална парализа се обезбедува и промовира подигнување на свеста за причините кои ја предизвикуваат церебралната парализа, како и раното откривање и интервенција, на овој комплексен медицински, психолошки и социјален проблем, во насока на подобрувањето на состојбата на лицата со церебрална парализа, беше заклучено на денешната средба по повод Светскиот ден на лицата со церебрална парализа.
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *